Под мотото “ЗДРАВИ ЗАБИ – ВОЛШЕБНА НАСМЕВКА!“, Црвениот крст Охрид со низа активности ќе ја одбележи Неделата за забоздравствена заштита (15 – 21 декември).

– Оралното здравје е значаен фактор кој влијае на општата здравствена состојба и ги засега сите луѓе, особено децата на школска возраст. Кариесот е едно од најраспространетите заболувања кој се регистрира кај 90% од училишните деца. Токму поради тоа здравствената едукација, промоцијата на оралното здравје, раното откривање и препораките за санирање на забниот кариес е цел на неделата за забоздравствена заштита, информират од Црвениот крст.

Во таа насока ќе бидат и активностите кои деновиве ќе ги реализираат активистите на Црвениот крст, велат од организацијата.

Ohridnews