Со низа активности Црвениот крст од 1-7 јуни ја одбележува Неделата на солидарност.

Целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста кај граѓаните кои во текот на оваа недела ке имаат можност да донираат разни производи (прехрамбени производи, облека, парични средства) кои ќе бидат наменети за социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.

По повод Неделата на солидарност Црвениот крст денеска одржа прес конферфенција на која беа соопштени деталите за кампањата.

Донациите во прехрамбени производи граѓаните ќе можат да ги реализираат во поголемите маркети во Охрид, со ставање на прехрамбени производи кои сами ќе ги изберат во посебно обележени корпи на излезите од маркетите. Донациите во облека ќе можат да ги достават во седиштето на Црвен крст Охрид, ул. “Димитар Влахов” 52, секој работен ден од 8-16 ч. Донациите во парични средства граѓаните ќе можат да се уплатат на жиро сметка на Црвен крст Охрид: 530000300136121, „Охридска банка“, со назнака за Недела на солидарност.

Ohridnews