Oд денес до 1-ви декември, во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе биде одбележана „Неделата на книгата“.

Секој што ќе го посети Културно-информативниот центар „Култура 365“ во периодот од 9 до 15 часот, ќе добие книга на подарок или истата ќе му биде испратена дома доколку достави своја адреса.

Оваа недела за читање КИЦ „Култура 365“ ја препорачува книгата „Премин во маглата“ од македонскиот автор Мишо Јузмески.

OhridNews