Во периодот од 27-ми октомври до 2-ри ноември во Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе биде одбележана „Неделата на книгата“.
Секој оној кој во периодот од 9 до 15 часот ќе го посети овој културен центар, на подарок ќе ја добие „Лов на лебедовото езеро“ од македонскиот автор Тоде Илиевски.
Илиевски е поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Роден е на 7 март 1952 година во с. Мраморец, oхридско, а завршил Филолошки факултет во Скопје.
Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Од 1994 година е член на Друштвото на писателите на Македонија.
OhridNews