Со повеќе активности охридскиот Црвен крст  ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица (16-22 ноември).

По тој повод денеска во Домот на пензионерите (17.ч) ќе се одржи заедничка приредба и дружење со старите лица-пензионери од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

На 22 ноември за старите лица од Охрид е предвидена прошетка до црквата Св.Петка, во Велгошти, а планирана е и обука на старите лица од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца за укажување прва помош. Поради новиот грип одложена е посетата и приредбата за старите лица во Центарот за геријатрија при Општа болница Охрид.
 
Активностите по повод Неделата на грижа за стари лица се поддржани и помогнати од „Мода Калцини“ и МИ „Лабрадор“ – Охрид.

Ohridnews