Охридскиот Црвен крст со низа активности од први до седми март ја одбележува светската Недела на борба против ракот.
Според податоците на Светската здравствена организација ракот на дојката станува една од најразорните болести во светот, со над 10 милиони нови случаи годишно.
Податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, за последните десетина години посочуваат дека стапката на новорегистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена за 37,5 проценти. Според најновите истражувања, бројот на новорегистрирани случаи на карцином се доближува до 6.000 годишно.
Истражувањата покажале дека со навременото дијагностицирање на заболувањето може да се избегне фаталниот исход кај 30 до 40 проценти од заболените лица, особено кај оние со рак на грлото на марката и на дојката. Податоците покажуваат дека приближно 95 проценти од жените кај кои ќе се открие ракот на дојката во рана фаза ќе живеат подолго од пет години по појавата на карциномот, а голем дел од нив можат и да бидат излекувани.