Под мотото „РАЗМИСЛЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ! ШТО ПРАВИТЕ СО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ?“ Црвениот крст Охрид, од 1 – 8 Март 2008 год. ја одбележува „Неделата на борба против ракот“.
Малигните заболувања со учество од 20-25% се наоѓаат на второ место по причините за смрт во развиените земји во светот, веднаш по срцево-садовите заболувања кои учествуваат со повеќе од 50 % во структурата на морталитетот (смртноста). Според проценките на Светската здравствена организација во 2005 година околу 7,6 милиони луѓе умреле од малигни заболувања, а 84 милиони луѓе ќе умрат во периодот од 2005 до 2015 година доколку не се преземат мерки за намалување на морбидитетот и морталитетот од овие заболувања.
Со цел запознавање на населението со ризиците од разните видови на малигни заболувања, како и истакнување на начините за заштита и превенција од појавата на малигните заболувања, Црвен крст Охрид на 8-ми март (сабота) од 11:00 ч., на плоштадот кај Чинарот преку своите стручни тимови од здравствено-превентивната дејност ќе презентира едукативни материјали за различните видови на малигни заболувања и совети за превенција на истите. Сите посетители на штандот на Црвен крст Охрид кои ќе покажат дека ги знаат и ги практикуваат здравите начини и стилови на живеење ќе добијат соодветен подарок.
ohridnews