Властите во Лос Анџелес ја прогласиле првата недела од март за недела без пцовки.

Тоа не е прва иницијатива од ваков вид, бидејќи градот Пасадена во текот на една недела минатата година бил прогласен за “зона без пцовки“.


Основачот на акцијата, Мекеј Хеч, кој е и основач на клубот “Без пцуење“, не очекува целосно прифаќање и почитување на неговата идеја, но, сепак вели дека има големи планови. Тој има намера акцијата да ја прошири на целата држава, а потоа и на целиот свет.

Хеч истакнува дека целта на акцијата е поттикнување на поголемо почитување и пристојност помеѓу луѓето. Тој проценил дека околу 20 000 луѓе веќе пристапиле или основале клубови слични на неговиот.