Од еден музеј во Финска соопштиле дека чувале недеактивирана бомба од Првата светка војна, која би можела да експлодира во секој момент.

„Во еден магацин пронајдовме недеактивирана рачна бомба, која е донесена во 1980 година, а датира од Првата светска војна“ – рекол управникот на музејот.


Неговата колешка забележала дека `рѓосаната бомба никогаш не ги поминала официјалните анализи.

„Експертите за експлозивни направи рекоа дека бомбата не е деактивирана и е мошне опасна. Ја деактивираа и сега е сосема безопасна“ – додал управникот.