Утре се одржуваат 33. Охридски староградски средби, фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Петар Нечовски, вработен во Центарот за култура, кој воедно е и вклучен во организацијата на фестивалот вели дека утре ќе биде презентиран еден автентичен староградски фестивал.

Настан на староградската песна, со учесници од повеќе градови од државава. Секоја година гледаме да е по нешто поразличен фестивалот од минатата година. И во вакви тешки Ковид услови луѓето ја сакаат македонската песна, ја негуваат посебно староградската песна и помладата и постарата генерација. Имаме ансамбли и со помлади и постари изведувачи, чувари на традицијата. Застапени се и разни обработки на народните мотиви, народни познати песни во хорски изведби на фестивалот, вели Нечовски.

Правиме една манифестација која заслужува почит. Голема благодарност за соработката на директорот на Ценатрот за култура, Горан Симоноски, како и сите мои колеги кои се вклучени во организација на овој настан  со кои несебично се вложивме да презентираме една незаборавна вечер со староградски песни, додава Нечовски.

Македонската песна е национално и индентитетско благо, традиција, постоење од многу одамна. На фестивалот се изведуваат песни кои се пееле нананзад години. Песните го отсликуваат различниот период од животот и творењето на македонска народна музика. Некои текстови кога ќе се потсетеме на старо време се автетнтични за тоа време или го отсликуваат тоа време преку песните, ни ги отсликуваат сите адети, традиции од еден период.

Нечовски се осфрна и на неодамна одржаниот фестивал „Охрид Фест 2021“ кој помина во специфични околности без публика. Фестивалот беше снимен, па потоа емитувам во медиумите, бидејќи во деновите кога требаше да се одржува фестивалот беа денови на жалост.

Станува збор за еден од престижните фестивали на Балканот. Посебно ме радува што во момент кога ги одржуваме 33 Охридски староградски средби, каде сум еден од организаторите на фестивалот, на фестивалот „Охрид фест 2021“ мојата песна е наградена како најтрубадурска песна на фестивалот, додава Нечоски.

OhridNews