Љубителите на животни сведочат за уште еден нехуман однос на сопственик на куче, кој, според нив, својот миленик во намера да го напушти го врзал за метална шипка од ограда на булеварот „Туристичка“. Судејќи по фотографиите објавени на социјаните мрежи се работи за повозрасно куче.

Љубител на животни случајно наишол на напуштениот миленик кој бил уплашен и дехидриран. Несреќното куче е ослободено и сега е само уште еден скитник повеќе на охридските улици.

Иако во Македонија постои Закон за благостостојба и заштита на животните, речиси да нема изречено казна против несовесни граѓани кои ги напуштаат своите миленици, со што дополнително се усложнува ионака сложената состојба со бездомните кучиња во Охрид, што само ја потврдува немоќта и неефикасноста на системот.

OhridNews