Охридскиот естраден уметник, Петар Нечоски на последниот Фолк фест „  Филиграни 2014“ што се одржа минатиот викенд се закити со уште една награда, како што тој вели, една од најдрагите со оглед на тоа дека доаѓа од народот. Ја доби втората награда од пубиката што му овозможи и авионски билет и контакт со организатори на фестивали и настапи во прекуокеанските земји.

На фестивалот ја исполнав песната „ Завет љубовен“  за која јас ја напишав музиката, а текстот е на Цане Трајчески, аранжман Славко Ристевски, а ја исполнав во придружба на „ Валандовски свадбари“. Наградата ми значи многу и покрај тоа што во текот на кариерата сум добивал бројни награди, затоа што доаѓа од публиката која е контактот на изведувачот со народот. Се надевам дека песната ќе остави посебен впечаток и ќе се слуша уште долго, вели Нечоски.

Пред една недела Нечоски настапи и на Фолк фест „Валандово“ од каде се врати со бројни позитивни критики и пофалби за неговиот настап.

OhridNews