Носителот за независната листа на кандидати за советниви, Љупчо Нечкоски, реагира, на како што вели дискриминаторските измени во Изборниот законик кои ги фаворизираат политичките партии. Имено, објаснува Нечкоски, со последните измени во Законот за избори направени во октомври 2008 година, на носителите на независните листи им е ускратено правото на гласачкото ливче да бидат претставени со цело име и презиме, туку само со иницијали.

Тоа создава проблеми, зошто еве конкретно во Охрид покрај мене има уште еден независен кандидат Љ.Н., па јас морав да додадам уште еден иницијал за да се разликуваме, рече Нечкоски.

Тој смета дека ваквите нелогички измени се направени во интерес на партиите и дека ваквото законско решение е зрело да падне на Уставен суд, но за тоа сега било доцна. Независните кандидати за советници, рече Нечкоски, ќе имаат сериозен проблем да им објаснат на гласачите кои се и како ќе бидат претставени на гласачкото ливче.

На денешната прес конференција беше претставена независната листа на советници чиј носител е Љупчо Нечкоски. Покрај него на првите пет позиции се уште и: Стефка Јанкоска -дипл.инж. по животна средина; Марјан Иваноски – прив. стопанственик; Васко Бојаџиески – град.инж. и  Милчо Влаоски приватен стопанственик. Притоа носителот на советничката листа истакна дека очекува на претстојните локални избори да освојат повеќе од едно советничко место.

Ohridnews