Вселенскиот туристички спејс шатл на „Вирџин Галактика“ вчера успешно го изведе првиот пробен лет и наскоро се очекува да започне со комерцијални летови. Шатлот познат како „ВСС Ентерпрајс“,успешно се одвои од бродот носач и по летот безбедно слета во пустината Мохаве, во Калифорнија.
Вселенскиот туристички брод лета со брзина од 3,5 маха, а прошетка со него ќе чини 200 илјади долари за патник. Покрај „Вирџин“, вселенски туристички летови најави и компанијата „Боинг“, кои ќе започнат во 2015 година.