Небезбедни јајца увезени од Србија регуларно се продавале во два поголеми супермаркети, објави телевизијата „Алсат М“. Станува збор за марка „Супер јајце – пакинг“ произведени на фарма во Србија, а увезени од компанија од Кавадарци.

По поднесена пријава од потрошувач инспектортите извршиле контрола и утврдиле дека јајцата не се безбедни за јадење, по што целата пратка веднаш била повлечена и како што велат од Агенцијата за храна и ветерина соодветно веќе се уништени. 

„Од промет беа повлечени околу 5000 конзумни јајца поради несоодветно означување и истите како потенцијално небезбедни, и под надзор на официјален ветеринар се уништени. Согласно Законот за безбедност на храната против операторот поднесена е прекршочна пријава и изречена е глоба во износ од 5000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното во правното лице во денарска противвредност.“ – изјавиле од Агенцијата за храна и ветерина.

OhridNews
извор:„Алсат М“