Глетката на поминување на Венера пред Сонцето е еден од најочекуваните астрономски феномени, што во минатото ги поместуваше границите на знаењето, понекогаш и со драматични последици.
„Со векови транзитот на Венера беше еден од големите моменти за астрономите”, изјави за АФП Клод Катала, шеф на Париската опсерваторија.
За време на транзитот, Венера поминува меѓу Земјата и Сонцето како мала црна точка која шест и пол часа ќе се гледа на блескавиот диск на нашата ѕвезда. Научниците и овој пат предупредуваат на опасноста од гледање во Сонцето без соодветна заштита.
До сега се регистрирани само шест транзити на Венера и тоа заради тоа што пред пресметките на германскиот математичар од 17 век Јохан Кеплер, никој не знаел каде да гледа, ниту, пак, имал соодветни сочива.
Транзитите се случуваат во, како што велат астрономите, „извртени” комбинации:во јуни или декември, и тоа во парови на растојание од осум години. А потоа настапува долго чекање. По декемвриските доаѓаат јунските транзити, но 105 години подоцна.
Извор:Макфакс