Москва напредува во Украина и источните региони Доњецк и Луганск ќе бидат ослободени, смета претставникот на Русија во Обединетите Нации, Василиј Небензија.
Ми се чини дека има напредок. Никој не ветуваше резултат за три дена или за една недела. Сега некои експерти уверуваат дека руската воена операција запрела и оти се движи поспоро од планираното. Но, напредок има, продолжува и тоа е јасно како ден, тврди тој за Би-би-си.
На прашање дали првобитниот план – да се преземе Киев и да се инсталира проруски режим – целосно пропадна, тој одговори дека не знае ништо за такви планови.
Никој од руската команда никогаш не рекол гласно дека Москва планира да преземе контрола над Киев, со тоа што таму ќе постави марионетска влада, појасни Небензија.
Новинарот коментираше дека размерот на руските загуби изминатите 100 дена е неверојатен.
Луѓето кои живеат во Русија би биле апсолутно шокирани со овие бројки, кога би знаеле за нив. Загубите не можат да се потврдат. Како што реков, официјално не се објавуваат, а за време на каков било конфликт, страните имаат тенденција во голема мера да ги напумпат загубите на другата страна. Не можам да ви ги кажам бројките и не можам да коментирам, додаде тој.
Според неговите зборови, главна цел сега е ослободување на Донбас.
Само дајте време… и ќе ги видете ослободените области Доњецк и Луганск. Се надевам дека тоа ќе се случи многу наскоро, заклучи тој.
OhridNews