Сите британски дневници во последно време пишуваат за најновите сознанија за исхраната на човековите најдалечни предци, според кои кујната на неандерталците била многу попрефинета отколку претходно се мислело. До сега се сметаше дека на нивното мени немало ништо друго освен месо, што допринело да исчезнат многу видови животни меѓу кои најпознати се мамутите.


Со најновите анализи на микроскопски ситните честички во забите на неандерталците било откриено дека нивнта исхрана била побогата и дека вклучувала зеленчук, трева, корења, урми и слично. Анализите исто така покажале дека тие биле во состојба да припреат храна со печење или варење, односно дека биле во состојба да го контролираат огнот, што до сега се препоставуваше дека не умееле.