Британец во својата градина 20 години чувал вазна за која мислел дека е безвредна. Се заклучило дека тоа е скапоцена вазна стара 3.000 години.
Неименуваниот сопственик вазната ја добил од својот вујко пред 20 години. Цело време ја чувал во градината не знаејќи дека станува збор за скапоцена египетска вазна стара дури 3.000 години.
„Ја чувавме како украс, обично парче камен. Стоеше во градината цели 20 години и никој не се грижеше за неа“ – рекол британецот.
Еден ден ја подигнал вазната и забележал чуден облик. Помислил дека можеби станува збор за нешто вредно. Повикал експерт за да ја процени. Се заклучило дека тоа е стара египетска вазна. Ја користеле во процесот на мумифицирање. Во неа ги чувале човечките органи. Оваа вазна била предвидена за џигерот од мумифицираните луѓе. Британецот не можел да поверува дека во градината имал скапоцена вазна од Египет.
„Нешто ме натера да погледнам во неа, и тоа после 20 години. Ги препознав нејзините египетски мотиви, па повикав експерт“ – рекол сопственикот.
Одлучил да ја продаде на аукција, но бидејќи била доста оштетена за неа ќе добие околу 15.000 долари