Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од репрезентацијата на Словчка со 1-0 на стартот на квалификациите за европското првенство во 2012 година. Избраниците на Мирсад Јонуз пропуштија можност уште во првото коло да се замешаат во трката за едно од местата кои водат на континеталниот собир.
Словаците се израдуваа во самиот финиш
“Жолтите“ на полупразниот стадион во Пасеники не` покажаа фудбалска вештина и итрина да ја искористат можноста која им ја пружија словаците. Репрезентацијата на Словачка која на последниот Мундијал заврши меѓу најдобрите 16 одигра еден просечен натпревар и беше повеќе од зрела да добие шлаканица од малата Македонија.
Но, “лавовите“ одиграа како мачиња во самиот финиш од мечот кога поради втор жолт картон, автоматски црвен беше исклучен Шиков, по расправијата пожолтеа Пандев и Шток, додека селекторот Мирсад Јонуз беше испратен на трибините. Токму овај момент беше клучниот во мечот, словаците се разбудија, а кај нашите не проработи инаетот и во првата минута од судиското надополнување Холско ја погоди мрежата на несигурниот Нурединовски.
Во неповрат отидоа шансите на Тричковски, Попов, Пандев и Георгиевски. Повеќе од јасно е дека за исчекор понапред од стандардното четврто место во квалификациите потребни се и победи на гостувањата. Против Словачка приликата е пропуштена, а тешко е да се каже дали такви ќе имаме против Русија и Р. Ирска.
Во второто коло од квалификациите во вторник во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на Ерменија.
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.