И покрај значајната улога што ја има како голем промотор на македонската историја и култура, Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура што традиционално се одржува во Охрид ја нема потребната поддршка од државата смета домашната научна јавност.
Според ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј-Скопје, Ѓорѓи Мартиноски, проблемот е воопшто во односот на државата кон науката.
„ Триесет и пет земји секоја година пројавуваат интерес преку семинарот во Охрид и ги презентираат резултатите кои во тек на годината ги остваруваат, државата само треба да ја обезбеди логистиката за семинарот, но и контиунуитет на научната работа во текот на целата година“, смета Мартиноски.
Според академик Блаже Ристовски Меѓународниот семинар во Охрид не може да опстане сам со самофинансирање.
„Семинарот не произведува ништо, освен македонисти кои ја претставуваат македонската историја јазик и култура во светот и благодарение на тој семинар ние денеска имаме македонисти по цел свет, тоа треба да се одржува, континуитетот треба да се одгледува, ако не се одгледува тој навистина ќе умре“, предупредува академик Ристовски.
На јубилејниот 40 Меѓународен семинар за македонкји јазик литература и култура што трае до 30 август, учествуваат над 100 слависти, македонсти и балканисти од 30-на земји во светот. Во четирдецениското постоење низ него поминале над 3000 слависти македонисти и балканисти, а дел од нив сеуште активно го изучуваат македонскиот јазик.
Г. Момироски