Вчера Јувентус, денес Тотемхем, утре кој знае каде. Откако објавија дека Јувентус е заинтересиран за Пандев, италијанските медиуми со нова приказна за Горан Пандев.

Според италијанскиот дневен весник „Газета дело спорт“ најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по крајот на сезоната ќе се пресели во премиерлигашот Тотнем. Настапот во куп-натпреварот против Сампдорија, најверојатно ќе биде последниот настап за римскиот калчолигаш.

Италијанските медиуми тврдат дека со трансферот на Мауро Зарате, претседателот на клубот Клаудио Лотито потрошил поголем дел од средствата во клупската каса, па голема е веројатноста во следната сезона да го задржи капитенот Томазо Роки, а да го продаде Пандев, со што ќе заработи солидна сума од неговиот трансфер.

ohridnews