Арбитражниот суд на Кошаркарската федерација на Македонија ја поништи одлуката за Работнички поради случувањата во „Градски парк“.
Работнички на дуелот со МЗТ Скопје одби да се врати на теренот откако беше испразнета салата поради барање на судиите и делегатот.
Автоматски „романтичарите“ беа преселени во Трета лига како што говорат пропозициите, но во записникот имало одредени пропусти на кои Работнички за жалеше.
За одлуката одново ќе заседева првостепениот орган по што ќе се донесе конечна одлука за прекинатиот натпревар.
Ohridnews