Криминалец со распишана потерница “паднал“ на рутинска сообраќајна контрола бидејќи излажал за своето презиме. Дарнел Фрејзер (25) од Минесота на полицаецот кој го застанал со пријателот во автомобилот, му рекол дека нема лична карта.


Тврдел дека се вика Дарнел Луис. Но, го издала тетоважата со големи букви на вратот. Полицаецот го проверил презимето и го уапсил Фрејзер поради четири прекршоци, два кривични налози за апсење, кршење на условна казна, возење на украден автомобил и непојавување на судење за дрога.