Дел од турските војници се повлекуваат од улиците во Истанбул и Анкара, бидејќи силите лојални на претседателот Ердоган успеале да го одбијат државниот удар, јавуваат локални медиуми.
Според владини извори, на кои се повикуваат дел од медиумите во Турција, дел од пучистите се уапсени, претходно заземените институции од пучистите се вратени, а состојбата на аеродромите се враќа во нормала.
Портпаролот на турското државно разузнавање изјави дека обидот за државен удар бил одбиен, а воените авиони на делот од Армијата кој му остана верен на Ердоган ги неутрализираат хеликоптерите на противниците на неговата политика.
Новинската државна агенција Анатолијаа соопшти дека пучот е завршен и дека јавниот ТВ сервис е вратен под контола.
Обидот за државен удар е е под контрола, изјави премиерот Бинали Јилдрим.
САД и НАТО му дадоа поддршка на Ердоган.
Според новинаската агенција Анадолија, армиската група која се обиде да изведе преврат во Турција е „Фето“, според називот што турската влада го користи за именување на силниот противникна Ердоган – движењето Хизмет на чело со свештеникот од САД Фетула Ѓулен.
Западните политичари како шефот на НАТО Јенс Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел повика на почитување на демократски институции.
Претходно, турската армија објави дека ја презела власта во земјата со цел “да ги зачува демократскиот поредок и почитувањето на човековите права“.
Во армиското соопштение испратрено по електронска пошта до медиумите се наведуваше дека власта во Турција ја презел „Мировен совет“, чиј приоритет ќе биде почитување на владеењето на правото и задржување на сите надворешни односи на Турција. Армијата најави и дека што е можно поскоро ќе биде подготвен нов Устав на Турција.
Турската државна телевизија јави дека на територијата на целата земја е прогласена воена состојба и дека е воведен полициски час.
Не беше познато дали целиот армиски врв стои зад воениот удар, имајќи предвид дека западни медиуми јавија оти началникот на Генералштабот на турската Армија, генерал Хилуси Акар е задржан како заложник во седиштето на Генералштабот во Анкара. Западни медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци јавија дека во Анкара вчеравечер се слушале истрели од автоматско оружје, како и дека градот го надлетувале воени авиони и хеликоптери. Имаше информации и дека хеликоптери стрелале во реонот околу Претседателската палата во Анкара, а во градот се слушале и експлозии.
Во исто, време турските медиуми јавија дека припадници на армијата ги затвориле за сообраќај двата моста преку протокот Босфор во Истанбул, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.
OhridNews
Извор:„Вест“