ВМРО-Народна партија со соопштение демантира обвинувањата што адреса на оваа партија неодамна ги упати ривалската ВРО ДПМНЕ, а во врскиа со донесените ДУП- ви на 63-та седница на Советот:
„Со индигнација ги отфрламе лагите и непринципиелната политичка кампања на ВМРО ДПМНЕ која треба да престане со фрлање на песок во очите на граѓаните и да го потценува интелектуалниот капацитет на Охрид. На јавноста ДПМНЕ е должна да објасни кој е потписник на согласноста на сите урбанистички планови изгласани во советот на општина Охрид и под чија надлежност се ресорните министерства за Транспорт и екологија.
Сопствената соработка со СДСМ да не ја препишуваат на ВМРО -Народна партија“, се вели во соопштението на ВМРО НП.