Мексиканецот Бенџамин Гарсија поднел тужба на Здружението за човечки права на градот Мексико бидејќи во 2007 година не му дозволиле да се натпреварува за најдобро зготвено јадење во градот поради тоа што е маж.
Организаторите се правдале дека натпреварот е наменет само за жени, на кои сакале да им оддадат признание за се што работат по дома, а не се цени доволно. Но, сепак попуштиле и одлучиле оваа година дека ќе можат да учествуваат и мажи. Гарсија сеуште не знае со кое јадење ќе ги демонстрира кулинарските способности.