Тинејџерката Сали Кули стана најмладиот пилот во Британија. Возачка дозвола за автомобил се уште нема, но затоа со авион управува без проблем.

Веднаш откако го положила тестот за пилот на авион, си поставила нова цел. Сака да стане пилот на воен авион.


„Ако не успеам да ги поминам воените тестови, сакам да управувам со патнички авиони. Летањето е мојот живот“ – вели Сали (16).

Таа ги положила сите тестови, но за да може самостојно да управува со авион, ќе мора да наполни 17 години. Тинејџерката веќе поминала 50 часа летање.