Реган Бут (16) и Аби Вестерн (15) биле шокирани откако слушнале што бара од нив директорот на училиштето. Им се заканувал дека ќе им забрани да полагаат матура бидејќи се блондинки. Ги испратил дома да ја бојадисаат косата во потемна нијанса. Директорот тврди дека ги почитува правилата на училиштето кои велат дека учениците не смеат да имаат неприродна боја на косата.
-Мојата боја на косата која е руса не е необична или неприродна, како зелената или виолетовата. Не гледам причина зошто не смеам да имам руса коса. Нема да ја бојадисам косата потемно-вели Реган.
Двете ученички имаат поддршка од родителите.
Директорот тврди дека не им забранил на ученичките да полагаат матура, туку ги советувал да одат дома и да ја обојат косата бидејќи правилата во училиштето се еднакви за сите и мора да се почитуваат.