„Во саботата на 11 Октомври, Националниот празник бев на работа. Кога отидов и го прашав претпоставениот зошто не ми има пишано празнична дневница и за Втори Август кога исто така бев на работа, и зошто ме казил со 10 проценти од платата, тој ми се развика и почна да ме турка“ објасува Сабри како го заработил отказот.

Во јавното претприjатие „Охридски комуналец“, јас имам 29 години работен стаж и веќе не можам да трпам  да се однесуваат лошо кон мене “ вели тој.   Работникот не му се пожалил на директорот на Охридски комуналец  зашто како што вели, тој им забранува во работно време да  му се обраќаат во неговата канцеларија. „Вчера отидов кај градоначалникот за да го замолам да преземе нешто и тој веднаш без проблеми излезе пред неговата куќа. Ме сослуша и ми рече  денеска да одам на работа во работната единица „Гробишта“ но и да го посетам денеска  во општинските простории“,  кажува Таир Сабри.

„ Точно е дека  ми се обрати работникот, но јас морам да ги сослушам и двете страни пред да заземам став со кој ќе се реши проблемот. Ако се утврди дека некој некого малтретирал, мора да се казни, но јас морам да ги разгледам двете страни“, изјави градоначалникот Александар Петрески.

На  лошиот третман кон Египќаните во јавните претпријатиа се пожали и Демир Далип од политичката партија Сојуз на Египќани.

Далип денеска  потврди дека во партијата секојдневно има поплаки од Египќаните дека  не се соодветно третирани. Тој најави и протести со цел да се анимираат властите но и меѓународните институции за нивниот проблем.

Директорот на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Боро Павлоски  ги отфрла   ваквите ставови. „ Во претпријатието никогаш немало дискриминација. Ќе се трудам да го решам проблемот да нема никакви последици и врз работникот и врз претпоставениот“, вели Павлоски и потврдува дека  е точно оти и забранил на работниците да го посетуваат  во текот на работното време. „ Но, во хигиена работат од 6 до 12 часот, а моето работно време пшродолжува и по 12 часот, што значи дека можат да ми се обратат“, потенцира директорот и објаснува дека с еслучува некои негови работници да му заѕвонат и на домашното ѕвонче“. 

А. Ристоска