Македонската радио телевизија се уште нема потврдено, на каков начин ќе се избира годинашниот претставник од земјава на „Евросонгот“ во Малме.

Начинот на избор на оној што ќе ја претставува земјава во Шведска, се очекува да биде обелоденат наскоро. Повеќето земји кои учествуваат на овој избор на најдобра песна, изминативе денови ја актуелизираат оваа тема. Хрватските медиуми прогнозираат со можен македонски изведувач, а меѓу споменатите имиња се оние на Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, како и Елена Ристеска.

Инаку, по четиригодишна пауза во полуфиналето од ова натпреварување, на последниот собир земјава влезе во потесниот круг на најдобри песни, освојувајќи го 13-то место.

OhridNews