Џен Бургес по повод 70-от роденден ја распуштила косата долга 160 сантиметри, која ја носела врзана во изминатите 55 години од животот. Последен пат се ишишала кога имала 15 години, во 1953 година. Се скарала со ножиците поради машката фризура која тогаш ја имала. Кога на фотографијата што ја направил татко и , видела како изгледа, одлучила дека повеќе никогаш нема да се шиша.
„Ја мразам таа фотографија кога имав 15 години. Поради училишните правила морав да имам кратка коса. Се чувствував како момче“ – рекла Џен.
Мајката на 5 деца си ветила себеси дека ќе се ишиша дури кога ќе наполни 70 години. За својата коса била наградена во 1986 година. Косата до сега и има пораснато 160 сантиметри. Но сега кога дојде денот кога треба да се шиша, не е сигурна дека ќе може тоа да го направи.