Грдата слика со ѓубре и отпадоци овој пат ја забележавме непосредно до црквата Св. Богородица Перивлепта. Имено од десната страна на црковниот двор, каде што има мала падина со дрворед и растенија и која е гранична точка на црковниот имот, со приватните куќи од тој дел на населбата Варош, се расфрлени отпадоци и вреќи со најразличен отпад и ѓубре.
Доколку ја видите сликата во живо сигурни сме дека ќе се згрозите и првото прашање што ќе си го поставите е- Кој е толку несовесен да фрла ѓубре во црковен двор? Ова прашање сигурно ќе си го постават и сите туристи, кои ќе дојдат да ја посетат црквата Св. Богородица Перивлепта, која сигурно знаете дека е и споменик на културата, заштитен со закон.