Натпреварот од Втората МФЛ помеѓу екипите на Новаци и Охрид не се одигра. Домашните немале обезбедено лекарска екипа, немале линценциран доктор ниту пак лиценциран комесар за безбедност.


 –  По чекање од половина час, не беа обезбеди сите услови за старт на натпреварот, причекавме дополнителни петнаесет минути по што ја повлековме екипата – ни рече Илче Каланоски од ФК Охрид.

Конечната одлука околу исходот на мечот ќе ја има комесарот за натпревари Миле Спиркоски , кој ќе треба да одлучи по добивањето на официјалниот записник, како  и изјавите на делегатот и преставниците на клубoвите.

М.П.