Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата.
Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека 90 проценти од овие аранжмани биле за Грција.
Со уредба со законска сила минатата година направивме измена во Законот за туристичка дејност со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. Речиси 90 проценти од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството за економија, се за патување во Грција. Во случај и оваа година да не можат да бидат искористени, секако дека ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот, рече Бектеши, додавајќи дека секојдневно се следи ситуацијата.
OhridNews