Еден помалку луд Индиец ги заменил капењето и миењето заби со таканаречено огнено капење. Секоја вечер стои на една нога покрај логорски оган, пуши марихуана и се моли за плодност на богот Шива. Го шокирал своето семејство кога одбил ритуално да се искапи во светата река Ганг после смртта на неговиот брат.


Морал да ја затвори продавницата за мешана роба која ја поседувал бидејќи купувачите одбивале да ја посетуваат поради лошите хигиенски услови. Тој тврди дека неговата нехигиена е од национален интерес, но неговите соседи ја знаат вистинската причина. Еден гатач му рекол дека доколку не се капи конечно ќе добие син после седум ќерки кои ги имал.