Мечот со Вардар кој „зелено белите“ го загубија во Охрид со 3-0 беше последен за Здравко Цветаноски на клупата од Младост Царев Двор.
Како што пренесува „Македонски спорт“, старо-нов тренер на Младост ќе биде Кире Стерјов кој и претходно го предводеше клубот.
Тој беше тренер на екипата кога за само три години успеаја од Третата лига да стигнат до елитата.
Стерјов пред себе има тешка задача да го спаси клубот од испаѓање кој пак се наоѓа на претпоследната позиција со 16 бодови.
OhridNews