47 годишниот актер Роберт Дауни Јуниор е познат по тоа што многу акциони сцени ги снима сам, без двојник и каскадер, а поради тоа фановите на филмот “Iron Man” ќе мора да почекаат подолго за најновото продолжение.

Актерот го повредил неговиот глужд на снимањето на последното продожение на филмот “Iron Man” во кој ја има главната улога. Од студиото изјавија дека иако повредата не е многу сериозна снимањето ќе мора да биде прекинато се додека актерот не закрепне во целост.