Охриѓани уште еднаш покажаа голема хуманост и солидарноист со својот сограѓанин Трајан Целески Тачо, кој боледува од тешка болест. Тие синоќа го исполнија мини стадионот пред хотелот „Аквалина“, на хуманитарната забава за Тачо, која се одржа во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

Дрон: Емил Јовановиќ

На хуманитарната забава, што ја организираа група млади од Охрид, настапија Dj Face и бендовите „Броз“ и „Камелеон“, кои имаа уште една успешна хумана мисија.

Средствата од продадените билети и од продажбата на пијалаци, ќе бидат уплатени на сметката за помош на Тачо кој ја води животната битка.

Организаторите и хуманите посетители кои беа на висина на благородната мисија заслужуваат чиста 10ка, тие пак, што при крај на настанот малку подзаборавија каде и зошто се дојдени, не заслужуваат внимание.

Dj Face, Броз, Kамелеон и младите од Охрид во нова успешна хумана мисија

OhridNews

Фото: А.Момироска
Дрон: Емил Јовановиќ