Охридските ракометари без жар и желба за победа го одиграа премиерниот натпревар од Супер лигата против Работнички кој го загубија со 30-24.
Поразот ко пораз е составен дел од играта, но во поразите се раѓаат победниците. Можеш да изгубиш, но во сите навивачки срца да си победник, а охридските ракометари тоа не го направи и ги разочара фановите кои трепераа на трибините во „Форца“ и пред малите екрани.
Она што може да се издвои и пофали од првиот натпревар во новата сезона се првите десет минути кога Охрид буквално доминираше на теренот и ништо повеќе.
Во ситуација кога домаќинот мака мачеше во нападот да стигне до голот на Кирил Колев и да го одбрани својот, ракометарите на Охрид попуштија псхички и дозволија подоцна тие да се најдат во таква незгода.
Несватливо во модерниот ракомет е да се добие натпревар без добра и на моменти груба одбрана, нешто што го красеше Охрид минатите сезони.
Во текот на целиот натпревар „гладијаторите“ ниту еднаш неа беа санкционирани со две минути, а во почетните добија неколку жолти картони кои се вообичаени во дерби натпревар.
Одновно, рак рана на охридскиот клуб е нападот кој нажалост се уште не може да се износи со притисокот во клучните моменти од натпреварот.
Сепак, дуелот со Работнички беше прв сезонава, но пак доволен за да се увидат и поправат грешките кои не треба да се повторуваат во иднина.
Михаил Постоловски