Според истражувањето од 2008 година за корупција во високото образование во Источна Европа, Македонија е четврторангирана со индекс на корупција 3,6. На врвот на листата со највисок индекс (4,6) е Турција, а веднаш по неа Хрватска и Грузија. Зад нас, со помал индекс, се Албанија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Најнизок индекс (1,8) на корупција во групата источноевропски земји има Узбекистан. Ова беше соопштено на прес конференцијката на невладината организација СЕГА и Министерството за образование, на која беше најавен заедничкиот проект за борба против корипцијата во образованието.

Според истражувања во Македонија, од 1.612 испитаници, 30,2 отсто се изјасниле дека им бил побаран поткуп. Од 920 анкетирани студенти на Скопскиот универзитет, половината одговориле дека биле принудени да купат учебник, 10 отсто рекле дека полагале испит со давање пари и на шест проценти им била побарана одредена материјална корист.
 
Министерството за образование и наука најави дека ќе го поддржи проектот „Не плаши се, пријави корупција“ на Коалицијата на младински организации – СЕГА што ќе се реализира 12 месеци, од претстојната студентска година. Целта на проектот е да ги натера студентите да пријавуваат случаи за кои се сомневаат дека се коруптивни.

Ohridnews