Во Лондон е отворен првиот бар во кој посетителите во заштитни одела вдишуваат алкохолна пареа. Тоа е воопшто првиот бар од ваков тип во Англија. Сопствениците велат дека отсекогаш сакале да направат нешто такво. Сметале дека луѓето во просек проведуваат околу 40 минути, и така ја регулирале алкохолната пареа.


Пред да влезат гостите облекуваат специјални одела, за да не им попримат мирис на алкохол алиштата. Поради големите сламки и вештачките лимони гостите се чувствуваат како да се во во чаша. За тоа придонесува и музиката која имитира капење на вода по коцки мраз во чаша. Гостите помлади од 21 година не смеат да влегуваат во барот.