Еден германски камионџија огладнел во текот на возењето. И што да прави кога во Германија нема печени јагниња крај патот? „Најдобро ќе биде да си испечам колбаси додека возам“ – заклучил 46 – годишниот Валтер Реклинг и се фатил за работа. Имал мало „плинско“, а бидејќи доцнел со испораката заклучил дека нема време за запирање, па ќе прави скара – ДОДЕКА ВОЗИ. Но на една кривина плинското се превртело, го запалило седиштето, а потоа и целата кабина на камионот. Шоферот бил примен во болница заради труење со чад. Било утврдено дека имал трипати повеќе алкохол во крвта од дозволеното.
(ViDi)
С.К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com