Екипата на Челси, после првиот позитивен тест на коронавирусот издаде наредба сите фудбалери, членови во стручниот штаб и работници во клубот да бидат во карантин и самоизолација. Позитивен беше Калум Хадсон Одои, кој во меѓувреме на социјалните мрежи објави дека е добар и добро се чувствува.

Талентираниот фудбалер на Челси, Мејсон Маунт го навлече гневот на англиската јавност откако не ги испочитува клупските наредби и со фудбалерот на Вест Хем Деклан Рајс играа рекреативно фудбал среде Лондон.

Медиумите и луѓето на социјалните мрежи ги „распнаа“ двајцата фудбалери. Маунт посебно ќе биде санкциониран затоа што е потенцијален пренесувач на коронавирусот и се однесува крајно не совесно и не одговорно.

OhridNews