Во наредните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Во вторник ќе дува умерен наместа засилен северен ветер. Од среда ќе настапи постепено стабилизирање на времето и намалување на облачноста, која ќе услови опаѓање на утринската температура.
Ваквите големи температурни разлики ќе се одразат на здравјето на луѓето, особено на хроничните болни.