Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност на места и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 23 степени.

Синоптичарите најавуваат сончево и топло време до вторник кога се очекува слаб локален дожд и опаѓање на дневната температура.

Г.М.