Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. На територијата на Република Северна Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи.

Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на целиот југоисточен регион на Европа може да има врнежи под просечните со веројатност која расте од северозапад кон исток.

Податоците за Северна Македонија покажуваат дека најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во август. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Во претстојната летна сезона, од УХРМ велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

OhridNews