Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ вечерва со специјална течност против замрзнување ги третираа коловозите на критичните места во општината.
Опфатени се главните сообраќајници во Охрид, стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ и селата Елшани и Коњско.
Се работи за современ практичен метод кој се применува во зимски услови и не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи од снег, информира градоначалникот Константин Георгиески.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во среда не очекува променливо облачно и студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -6 степени, а дневната ќе изнесува 1 степен Целзиусов.
OhridNews