Според управата за хидрометеролошки работи времето  во Македонија денеска ќе биде сончево  со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степен, а дневната од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во следниот период времето во поголемиот дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Овие процеси повеќе се очекуваат на планините во западните и јужните делови од земјава кои нема да бидат интензивни. Температурата нема значително да се менува, највисока ќе биде во четврток, во интервал од 31 до 38 степени, додека за време на викендот ќе биде малку пониска, од 28 до 35 степени. Потоа во почетокот на следната недела повторно ќе биде во благ пораст.

OhridNews