Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и на југот од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата.

Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд претежно во југозападните делови.

Според УХМР, поради променливото време, претпладне кај почувствителните лица можна е појава на општа слабост и чувство на тежина во главата, додека во попладневните часови болките од ревматски карактер и од артритични промени ќе бидат поинтензивни.

OhridNews